јануари 15, 2021

Скопје многу загадено, Софија втора, Сараево бр.1 во светот според загаденоста

Синоќа скопските населби Аеродром и 11 Октовмри беа со најзагаден воздух во Македонија, а веднаш зад нив Куманово и дел од Охрид. На неславното второ место во светот пак, се најде Софија. Се чини дека воздухот и квалитетот на животот, а не историјата, е тоа што е заедничко помеѓу Македонија и Бугарија.

Во повеќе скопски населби вчера воздухот беше многу загаден, а мобилната апликација од која можат да се видат вредности на мерните станици низ градот, предупредуваше дека е опасно и излегувањето надвор и отворањето на прозорците. Неславните рекордери повторно беа Реонски центар Аеродром и населбата 11 октомври. Со опасна загаденост беа обележани и населбите Гази Баба, Центар, Карпош…

Но и во други градови беше слично. По највисоко измерените вредности во скопски населби Аеродром и 11 октомври, најзагаден беше воздухот во Тетово, во Куманово, како и во дел од Охрид.

На интернет можат да се најдат дневни податоци за загаденоста на воздухот во светот и тоа се наведуваат и градовите каде е најголема загаденоста. На најпосетената страница numbeo.com Teтово утрово се најде на второто место во светот, веднаш зад Катманду, а Скопје на 39 место.

На интернет страницата iqair.com најзагаден град во светот е Сарајево, додека на второто место е Софија.

Во Софија деновиве, поради загадениот воздух, се преземаат повеќе мерки, една од нив е бесплатен паркинг за автомобилите во близината на метро станиците. Целта е да се намали користењето на приватните возила.
Се чини дека Софија и Скопје имаат заеднички проблем – загаденоста на воздухот, а не заедничка историја.

Скопје и Софија имаат и уште неколку заеднички проблеми – недоволна свест за екологијата, недоволен ангажман на надлежните министерства и институции, недоволно висок стандард на граѓаните за да се замени начинот на загревање на домовите и институциите и застарениот возен парк. Секако, тука е и проблемот со коронавирусот.

Местоположбата и климатските услови не можат да се променат.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •