јануари 17, 2021

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 отсто од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Ова го соопшти на брифинг раководителот на одделот за имунизација на СЗО, Кејт О’Брајан.

– Мора да ја разгледаме можноста вакцините не само да обезбедат превентивна заштита, туку и да спречат пренесување. Постојат различни студии и симулации за ова – додаде О’Брајан.

Вели дека е тешко да се дадат подетални предвидувања во конкретната ситуација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •