јануари 24, 2021

Левица: ДЕНЕС НИЗ ЦЕЛО ТЕТОВО ПРОТИВЗАКОНСКИ СЕ ВЕЕЈА САМО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА

Само да Ве потсетиме Госпоџа Теута Арифи, во Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, во член 4 стои:

Единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, пред и во објектите од јавен и локален карактер, јавните служби и правните лица основани од единицата на локалната самоуправа, на улиците, плоштадите, покрај знамето на Република Македонија, се истакнува и знамето на таа заедница:
– во денови на државни и други празници на Република Македонија утврдени со закон;
– во денови на празници на заедниците;
– во денови на општински празници утврдени со одлука на советот на единицата на локалната самоуправа;
– при официјално доаѓање на висок претставник на меѓународната заедница и
– во денови на одржување на манифестации од локален и меѓународен карактер.

URIME 28 NËNTORI – DITA E FLAMURIT!

ЗаконотЗаУпотребаНаЗнамињаМораДаСеПочитува

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •