јануари 26, 2021

Како Мицкоски би го решил спорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека кога би седел на преговарачка рамка со Бугарија би почнал од договор постигнат во 1947 во кој соседната земја е претставена како сојузник на хитлеровата Германија, а со кој се има обврзано да ги реши сите фашистички организации и да плаќа репарација зашто ја окупирала Македонија.

Како Христијан Мицкоски би го решил спорот со Бугарија, е едно до прашањата на кои вечерва одговараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување на ТВ 21.

Решение, рече, мора да има, доколу сакаме да напредуваме, но не можеме да фингираме и да измислуваме решенија туку мора да се водиме на историските факти.

Мицкоски смета дека Зоран Заев ги изгубил преговарачките позиции и прв предуслов е тој да не седи повеќе на преговарачката маса. Но, како тој би постапил доколу седне на преговарачката рамка?

„Прво ќе почнам од она што тој го кажа за оној бугарски медиум кога кажа дека практично Бугарите во Македонија во ’41 година не биле окупатори и не биле соработници на фашистите, туку биле ослободители и административци и ги ослободиле Крива Паланка, Куманово итн. Ова пред мене што го гледате е договор за мир којшто е постигнат во 1947 година и е заведен во Обединетите Нации, којшто сојузниците го имаат потпишано со Бугарија. И тој документ е преведен на неколку јазици, меѓу кој и на бугарски јазик. Уште на самиот почеток во документот вели дека сојузниците СССР, Обединетото Кралство, САД итн. потпишаа договор со Бугарија т.е. другата страна каде што Бугарија во превод е претставена како сојузник на хитлерова Германија – рече Мицкоски објаснувајќи како понатаму би преговарал со Бугарија повикувајќи се на тој договор.

Во членот 4 од тој договор, нагласи тој, се вели дека Бугарија во согласност со истиот мировен договор се има обврзано да преземе мерки со коишто ќе ги распушти и ќе ги реши сите организации од фашистички тип на бугарската територија – без разлика дали се политички, воени, паравоени.

„Во членот 21 од договорот, Бугарија е врзана да плаќа репарација затоа што окупирала територии од поранешна Југославија. Се подразбира на денешна Македонија. И конечно на крај овој договор којшто има 30-тина страни е потпишан од сите коишто учествуваат во неговото креирање. Кои се тие? Еве, од името на СССР, од името на Обединетото Кралство, од името на САД, Австралија итн – рече Мицкоски додавајќи дека тоа се факти и за нив не се преговара.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •