јануари 19, 2021

Во декември струјата нема да поскапи, нова цена веројатно в година!

Откако Владата поради намалениот водостојот во природните и вештачките езера за да не го загрози животинскиот свет одлучи да го прекине производството на струја од хидроцентралите, се наметна потребата од увоз на струја. Тоа предизвика многу прашања од страна на граѓаните, дали ваквата одлука ќе влијае на цената на струјата и дали таа ќе се зголеми? Од АД ЕСМ соопштуваат дека сè уште е рано да се формира нова цена, а до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор меѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач. За првите три месеци од наредната година, цената ќе се знае до средината на декември.

Поради сушата во државата и лошата хидролошката состојба кај природните езера, реките и вештачките акумулации беше запрено домашното производство на струја од хидроцентралите. Поради тоа, АД ЕСМ преку фирмата за трговија „ЕЛЕМ Трејд“ увезе струја за 3,3 милиони евра. Увезени се 62.450 мегават-часа, по просечна цена од 53.53 евра, а досега се продадени вишоци на струја за над 6,2 милиони евра. Досега се продадени вишоци на струја за над 6,2 милиони евра. Метеоролозите не најавуваат драстични промени на временската состојба, што значи дека сушата ќе трае најмалку до крајот на годинава, што значи дека и следниот месец ќе има увоз на струја.


Откако Владата поради намалениот водостојот во природните и вештачките езера за да не го загрози животинскиот свет одлучи да го прекине производството на струја од хидроцентралите се наметна потребата од увоз на струја. Тоа предизвика многу прашања од страна на граѓаните, дали ваквата одлука ќе влијае на цената на струјата и дали таа ќе се зголеми?


Од АД ЕСМ изјавија дека сè уште е рано да се формира нова цена, а до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор меѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач. За првите три месеци од наредната година, цената ќе се знае до средината на декември.
-До 31. 12. 2020 година на сила е шестмесечниот договор со Универзалниот снабдувач и струјата од страна на ЕСМ ќе му се испорачува по цената која ЕСМ ја даде на тендерот распишан од него. Берзанските цени на струјата за првото тримесечје во 2021 година ќе бидат познати на 15. 12. 2020 година, а потоа и за вториот квартал. Тогаш ќе се прават и пресметките за цената која ЕСМ ќе ја даде на тендерот на Универзалниот снабдувач за испорака на струја за периодот 1 – 6. 2021 година. Во овој момент е рано да се формира цената, но АД ЕСМ континуирано работи на намалување на производната цена на струјата со цел на обезбеди стабилност на истата за домаќинствата, односно за крајните потрошувачи“, соопштуваат од ЕСМ.


Од Регулаторна комисија за енергетика уверуваат дека нема да дозволат ново зголемување и оти до нив немало пристигнато барање за промена на цената на струјата од која било електроенергетска компанија.
-Согласно Законот за енергетика оваа цена не е регулирана и се формира самостојно од страна на ЕСМ. Во РКЕ досега нема пристигнато барање за промена на цената на струјата од која било електроенергетска компанија.

Согласно Законот за енергетика производителот на електрична енергија ЕСМ доколку е потребно има право да купува електрична енергија на пазарот со цел да го оптимизира своето производство и да ги минимизира трошоците во работењето.
Во август годинава струјата поскапе за 7,4 проценти со образложение дека државните енергетски компании поради пандемијата имале намалени приходи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •