јануари 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Коцкарската игра на Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ

Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ. Измамникот Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија. Тој ги поткопува темелите на државноста и ја поганува жртвата на Илинденците и Партизаните за македонска држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Можеби ќе ве интересира

– Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава. Го повикуваме Заев да не си игра со идентитетот, јазикот и историјата. Неговиот срам нема да дозволиме да биде и наш колективен срам. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија – велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, блокадата од Бугарија е вина на коцкарските политики на Заев неговите ветувања и желбата по секоја цена да се заддржи на власт за да краде. Тој повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка. Оставка на Заев, слобода на народот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •