јануари 26, 2021

Јачева Улчар до Заев: На овој гладен, ограбен и осиромашен народ, му го одземавте она што му остана

Професорката Eлка Јачева Улчар  вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата изјави дека татковината е земја која те храни и кога немаш пари во џебот. 

Оваа порака му ја упати на премиерот Зоран Заев и рече дека тој се одважил да го смени името на државата. 

„И тебе другар Заев, ни еден меѓународен договор не ти дал право да располагаш со неа и народот во неа“, рече таа. 

Вели дека историјата ќе го запише како единствен политичар кој тргувал со сопствениот народ, држава и јазик за туѓи бели дворови. 

„На овој гладен, ограбен и осиромашен народ, му го одземавте она што му остана, достоинството, честа и гордоста. Во овие три и пол години го натеравте овој народ да го шепоти името „Македонија“ и да го крие под синтагмата „нашата“ или „вашата“ земја“, вели Јачева Улчар. 

„Оние што ве гласале, ве гласале за да донесете правда во Македонија“, вели професорката. 

На Заев му порача да се повлече, затоа што ништо од ветеното не исполнил. 

Протестот е за црвените линии и заштитата на идентитетот. 

Овој протест се одржува по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое поттикна реакции во земјава и регионот. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •