јануари 18, 2021

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев

По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ.

-Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори, пишува Маричиќ.

Претходно од СДСМ соопштија дека став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •