јануари 19, 2021

Трамп на новинар: Јас сум претседател на Америка. Никогаш повеќе не разговарај така со претседател (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп се судри со новинарот на Ројтерс на денешната прес-конференција во Белата куќа.

Новинарот Џеф Мејсон го праша Трамп дали ќе ја признае изборната победа на демократскиот кандидат Џо Бајден.

“Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Факт е, огромна измама се случи. Не смее да се случи во ваква земја”. , одговори Трамп.

Новинарот потоа постави подпрашања, со што го прекина одговорот на Трамп.

“Јас сум претседател на Америка. Никогаш повеќе не разговарај така со претседател.”, луто одговори Трамп.

Потоа го замоли следниот новинар да постави прашање.

Да потсетиме, Трамп порано денеска напиша дека новоизбраниот претседател Џо Бајден може да влезе во Белата куќа само ако докаже дека не освоил 80 милиони гласови со измама.

“Бајден ќе влезе во Белата куќа како претседател само доколку докаже дека 80 милиони гласови не се добиени со измама или на нелегален начин. Кога ќе видите што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки, тоа е масовна кражба на избори.Мислам дека Бајден има голем, нерешлив проблем“, напиша Трамп.

Твитер го обележа и овој твит на Трамп како дискутабилен.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •