јануари 16, 2021

Само датум во декември може да го спаси Заев!

Што ќе случува во иднина на „Бихаќка“ откако дел од раководството застана во одбрана на скандалозното интервју на Зоран Заев, а таканареченото „скопско крило“, вклучувајќи го и екслидерот Бранко Црвенковски,  кој побара членството да се огради од ставовите засега е неизвесно. Дали ваквата неусогласеност на поранешното и актуелното раководство на партија води до вонреден партиски Конгрес, засега не може да се предвиди, но во секој случај ги разбранува партиските редови, а понатаму може да има и други проблеми. Познавачите на политичките прилики за весникот ВЕЧЕР коментираат дека епилогот за внатрепартиските односи ќе биде појасен откако ќе се затвори прашањето со Бугарија.Ако во декември добиеме датум за преговори, тоа ќе му помогне на Заев актуелното членство да остане единствено, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР политичкиот аналитичар Петар Арсовски. -Не гледам дека СДСМ може да се подели, вели Арсовски. Ако нема датум за преговори во декември, ќе биде лошо за власта, цени политикологот Владимир Божиновски.

Што ќе случува во иднина на „Бихаќка“ откако дел од раководството застана во одбрана на скандалозното интервју на Зоран Заев, а таканареченото „скопско крило“, вклучувајќи го и екслидерот Бранко Црвенковски,  кој побара членството да се огради од ставовите засега е неизвесно. Дали ваквата неусогласеност на поранешното и актуелното раководство на партија води до вонреден партиски Конгрес, засега не може да се предвиди, но во секој случај ги разбранува партиските редови, а понатаму може да има и други проблеми. Познавачите на политичките прилики за весникот ВЕЧЕР коментираат дека епилогот за внатрепартиските односи ќе биде појасен откако ќе се затвори прашањето со Бугарија.

Ако во декември добиеме датум за преговори, тоа ќе му помогне на Заев актуелното членство да остане единствено, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

– НЕ ЗНАМ ДАЛИ СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС, ШАНСИТЕ СЕ МИНИМАЛНИ. НЕ ГЛЕДАМ ДЕКА СДСМ МОЖЕ ДА СЕ ПОДЕЛИ. СИТЕ КРИТИКИ ДОЈДОА ОД ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ, АКТУЕЛНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ И РАКОВОДСТВО ГО ПОДДРЖАА ЗАЕВ И СМЕТАМ ДЕКА ВО МОМЕНТОВ СЕ ХОМОГЕНИ. АКО УСПЕЕ ОВА ДА СЕ РЕШИ ВО ДЕКЕМВРИ, ТОА СЕКАКО ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ЗАЕВ, НО АКО НЕ СЕ РЕШИ ЌЕ ИМА ДРУГИ ПРОБЛЕМИ. ОПОЗИЦИЈАТА СИГУРНО ЌЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ, ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ЌЕ БАРААТ РЕВИЗИЈА НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА ПА ДУРИ И НА РАБОТЕЊЕТО НА САМАТА ВЛАДА, КОМЕНТИРА АРСОВСКИ.

Ако нема датум за преговори во декември, ќе биде лошо за власта, цени политикологот Владимир Божиновски.

-По интервјуто за БГНЕС, мислам дека на сите им е јасно дека Заев е повеќе товар на СДСМ. Јавноста е сериозно вознемирена, во секој случај ова ќе им се одрази негативно. Дали во моментов во функционирањето на владата или в година на локалните избори… вели Божиновски.

ВО МОМЕНТОВ ВАЖНО Е КАКО ЌЕ СЕ ПОСТАВИ И ОПОЗИЦИЈАТА, ДАЛИ ЌЕ ГИ ЗБИЕ СВОИТЕ РЕДОВИ И ЌЕ ЗАСТАНЕ ВО ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ. ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, АКО НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ, ЌЕ БИДЕ ЛОШО ЗА ВЛАСТА, ОТИ ЌЕ НЕМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛАТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ – СИТУАЦИЈАТА Е КАТАСТРОФАЛНА И ВО ЗДРАВСТВОТО И ВО ЕКОНОМИЈАТА, ВО СУДСТВОТО НЕМА НИКАКВА РЕФОРМА. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ВО СДСМ СЕ СПРЕМНИ ДА ГИ ПРИФАТАТ СИТЕ БУГАРСКИ БАРАЊА САМО ЗА ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И НА ТОА ДА СЕ „ШЛЕПААТ“ ДО ИЗБОРИ ДЕКА БИЛЕ УСПЕШНИ, ВЕЛИ БОЖИНОВСКИ ЗА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР.

Има простор за вонреден конгрес во СДСМ, реагира поранешната министерка за надворешни работи и член на СДСМ Илинка Митрева.

„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот.  Време е Заев да се соочи со судот на јавноста.  Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес”, вели Митрева.

Таа смета дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.

„Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост“, заклучува професорката Митрева.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •