јануари 16, 2021

Мицкоски: Во Собранието ќе поднесеме прашање за доверба на владата на Заев

Мора да се водиме од фактичка ситуација во смисла на историски факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и очекувате други политичари да седнат и да најдат договор, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Заев вели нема што да разговарам со лидерот на опозицијата, нема што да одам на Комисија за надворешни работи во Собрание, но затоа дава интервју за бугарски медиум и би рекол галантно ја најавува распродажбата”, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети и како Заев велеше дека нема преговори за македонски јазик и тоа биле црвените линии.

Мицкоски изрази особено незадоволство затврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич говорат на ист јазик.

„Кај мене предизвика едно чувство на вознемиреност до гадење, кога слушнав дека Македонците од Струмица збореле на ист јазик како и граѓаните на нашиот источен сосед во Петрич. Јас не мислам дека е така, и мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. Македонскиот јазик кој што се говори во Струмица не може никако да биде дијалект на бугарскиот јазик кој што се говори во Петрич. И тоа е една голема би рекол глупост од негова страна што беше кажана за тој бугарски медиум“, истакна Мицкоски.

Според Мицкоски се‘ додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се’ додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме.

Мора да направиме разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ, рече Мицкоски укажувајќи дека по вакви ставови мора да се реагира, да се делува.

Цпоред Мицкоски сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицскии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена.

„Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димтров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието прашање за доверба на Владата и ќе се отвори дебата во парламентот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •