јануари 21, 2021

Медиумите од регионот за интервјуто на Заев: Скандалозно, срамота и обид за умилкување

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС предизвика бура на реакции во македонската јавност, но и пошироко.

Тврдењата дека Југославија била окупатор на Македонија, а Бугарија ни помогнала да ги ослободиме Скопје и Куманово беа причина за жестоки реакции од голем број на историчари, актуелни и поранешни политичари, новинари и медиуми.

Порталот „Б92“ интервјуто на Заев го нарече скандалозно и додава дека премиерот ја негира антифашистичката борба на македонскиот народ.

Додека пак српскиот портал „Информер“ излезе со наслов: „Заев, попаметен си кога … Југославија не зароби, бевме зафатени! Срамота, Југа ви даде сè и име и нација и конечно држава “.

Порталот Телеграф пишува „Заев им се додворува на Бугарите: Имаме заедничка историја, Бугарија не подели“.

Алџезеира пак пишува дека Зоран Заев ја обвини Југославија за поделба на Македонија и Бугарија.

Додека од сите страни пристигнуваат критики, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов му честита на Заев и му порача следната година може да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •