јануари 16, 2021

Заевизам = кажувам, заборавам, негирам

Во 2019 година, заевизмот го дефинирав со зборовите: кажувам, заборавам, негирам. Не зборувам само за модел на авторитаризам, како изданок и конттинуум на титоизмот во социолошко- политичка смисла, туку и за социо-психолошки феномен со вирусно дејство, небаре политички Ковид 19 е.
„Заборавот“ на г-динот Заев на добиените писмени гаранции за сигурниот почетокот на преговорите во 2020 , како политичка патологија не ме загрижува, ама ширењето на вирусот на заевизмот меѓу лукративната камарила ме вознемирува. Кога ќе се сетам со каква вербална акробатика сиве години, истата армада на следбеници, при секој нереализиран почеток на преговори, небаре безуловен влез, па макар и на безимен и обезличен, неидентификуван парадржавен, „новороден“ северномакедонски ентитет не убедува(ше) во сигурноста на следниот, ми се темни: те Загреб, те Берлин, те Љубљана.. и т.н.
До кога, секоја есен ќе ја чекаме како потенцијален нов, европски почетокот, стрепејќи? До легализацијата на марихуаната. Тогаш, на македонските граѓани, кои ќе може да се опишат со зборовите од песната на Бора – Чорба : „ чуту, пушу, пролазнике гледу“, Охрид ќе им стане Амстердам, Скопје- Брисел, а Струмица- Солун, пардон – Тесалоники. Нашите возови, ала Ориент експрес, ќе им заличат на супер европски возови. Не ние, туку тие, европјаните ќе итаат кон нас, кон прекрасните „северно“македонски зелени полиња… Македонија ќе стане хипи, еколошка држава, европска зелена оаза, а туризмот и угостителскиот биснис ќе расцветаат како пупка, би рекле Big Mac and Little Zoc.
Се плашам дека мнозина од нас , во пеколот на оваа проклета пандемија ќе ги рецитираат стиховите на Бранко Радичевиќ од потресната „ Кад млидијах умрети“:
Лисје жути веќе по дрвеќу,
Лисје жуто доле веќ пада, зеленога више ја никада
Видет неќу!

Фејсбук статус на Гордана Силјановска Давкова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •