јануари 17, 2021

Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека епидемијата го достигнала пикот пред една недела, а од тогаш бројките се стабилизирани.

„Според анализите на ИЈЗ, највисок процент на позитивни од тестирани (41,2%) е регистриран на 17 ноември кога сме регистрирале и најголем број на нови случаи (1407), потоа бројот на нови случаи благо опаѓа. Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тое е дека бројот на нови случаи успорува. Практично, сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува 1“, вели Филипче.

Тој додава дека просекот на хоспитализирани во изминатите 2 недели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од активни изнесува 6.7 и овој процент е речиси константен, но притисокот врз болниците и медицинските работници е се уште голем.

„Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата“, порача Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •