јануари 15, 2021

ВНИМАВАЈТЕ: Полицијата го следи говорот на омраза на интернет насочен кон Бугарија

Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги.

„Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени Фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата“, изјави министерот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •