јануари 21, 2021

Максим Димитриевски контра Заев: Сите обиди да се изместат фактите се реприза од минатото

Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи.

  1. Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.
  2. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот.
  3. Македонија беше окупирана и поделена во втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот.
    Куманово е ослободено на 11ти Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17та и 18та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).
    Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија.
  4. Македонскиот народ и држава има сопствена историја која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели но само со взаемно почитување и уважување. Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи.
    Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза.

Бурни реакции меѓу граѓаните предизвика интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС во кое тој вели дека Бугарите не биле фашистички окупатор за време на војната и дека Југославија ја држела Македонија одделена од Бугарија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •