јануари 15, 2021

Кога се маваш со сопствени камења!

Собрание

Кон изјавата на Заев: НИКОЈ НЕ ГИ ПРАША БУГАРИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ВО 1941 ГОДИНА КАКВА Е НИВНАТА ОПРЕДЕЛБА, ПА ЦЕЛА БУГАРИЈА ДА ЈА НАРЕКУВАМЕ ФАШИСТИЧКА, вели Заев.

Кога се маваш се сопствени камења!

„Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на референдум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка.“

Аналогно на твојата изјава:

Како нас ќе не оквалификувате?
Во тие моменти (2018) ние (за разлика од бугарите во 1941) бевме прашани на референдум и власта го доби одговорот, па без разлика на мислењето, целата држава беше поинаку оквалификувана, топтан сосе народот. Ако беше поинаку, денешново дереџе немаше да го гледаме.

И уште:
„.. и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт.“

Аналогно на твојата изјава:

Што е (Северна) Македонија? Државата, народот или администрацијата?
Оти тоа што се направи после референдумот, не е причина да велиме цел еден народ и државата е (Северна) Македонија. Затоа и ние велиме дека администрација е северномакедонска , затоа што тогашното раководство на Република Македонија одлучила поинаку, а не народот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •