јануари 24, 2021

И Илинка Митрева го откачи на Заев: Нема простор за дообјаснувања, туку за вонреден конгрес во СДСМ

„Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација“.

Ова го вели професорката Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС.

„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес”, вели Митрева.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •