јануари 16, 2021

„Слободни фрлања“ – Нешто сосема ново и поинакво на македонскиот етер (ВИДЕО)

Со години наназад македонската публика е желна за нови емисии, нови проекти и интересни случувања поврзани со јавните личности во нашата земја. Емисиите на ТВ каналите се сведени на минимум, може да се каже дека речиси и не постојат, но затоа младите и талентирани луѓе во Македонија најдоа начин како самите преку социјалните мрежи и интернет канали да започнат нешто ново со цел да го задржат вниманието на публиката и да го поткренат расположението во овие кризни денови.

Емисијата „Слободни фрлања“ е нешто најново во етерот и уште веднаш ги крши границите на гледаноста. Се работи за интересен и сосема нов концепт на спортско-забавна емисија во која домаќинот, Никола Митрески – попознат како Никлеман, се соочува „еден на еден“ со нашите познати личности, фрлајќи слободни и прашувајќи ги интересни прашања поврзани за нивниот приватен и професионален живот. Ова е емисија со натпреварувачки и хуманитарен карактер, каде покрај интересните прашања, гледачите можат да ги увидат и кошаркарските способности на нашите јавни личности, проткаени со многу хумористични ситуации.

Во првата емисија како гостин имате шанса да го видите легендарниот Тони Зен, кој како и секогаш отворено ја прифати поканата и изведе 10 слободни фрлања и одговори на 10 скокотливи прашања. Освен како добар пејач, Тони е познат и како добар кошаркар, па верувајте оваа епизода не сакате да ја испуштите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •