јануари 16, 2021

Двајца членови на историската Комисија се оградија и ги осудија последните изјави на Заев

Љубица Спасковска, која е член на историската Комисија на Македонија и Бугарија вечерва ги осуди последните изјави на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто на БНЕС.

-Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општо прифатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947, напиша Спасковска на Фејсбук.

Спасковска е доцент на Универзитетот во Ексетер (University of Exeter) во Велика Британија. Докторирала на истиот универзитет во 2014 година и магистрирала на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта.

Од Заев се огради уште еден член на Комисијата,

Целосно согласен со Ljubica Spaskovska.

“Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947.”, напиша Огнен Вангелов, син на Атанас Вангелов, силен поддржувач на Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •