јануари 27, 2021

Ќе се зголемува данокот на имот за простор кој не се користи: Измените денеска на Влада

Денеска Владата ќе одржи седница, а една од точките на дневен ред е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот. 

Премиерот Зоран Заев во интервју веќе најави дека ќе се менува овој закон и најави дека за втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, данокот на имот треба да биде поголем за трипати во однос данокот кој се плаќа за простор кој се користи. 

Премиерот вели дека треба да се зголеми данокот на имот поседот на недвижности кои не се во употреба. 

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата, рече Заев во интервју за Дојчле Веле. 

Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •