СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се тие кои им забиваат нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години, не направија ниту еден чекор напред за евроатлантската интеграција на земјава. Напротив сите нивни позиции и дејствувања беа контра НАТО и контра ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна антидржавна партија која им забива нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси, се вели во Соопштението од СДСМ кое е реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од СДСМ додаваат:
Тие кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.
Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители.
Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот.
Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.
Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.