јануари 26, 2021

Повеќето Бугари и Хрвати не сакаат да примат вакцина против Ковид-19

Вакцина

На прашањето дали луѓето би дозволиле да бидат вакцинирани кога дозите против Ковид 19 ќе бидат достапни – 26 проценти од Бугарите реагирале позитивно, а 45 отсто не го делат ова мислење, додека останатиот дел се уште се двоуми.

Ова го покажува истражувањето на социолошката агенција „Тренд“, спроведено меѓу 1001 испитаници во периодот од 2 до 10 ноември, на барање на весникот „24 часа“.

Од анкетираните, 30 отсто веруваат дека мерките против ширењето на КиОВИД-19 мора да бидат построги. Сличен процент беше објавен и во април вво истражувањето на првиот бран од коронавирусот.. Во мај сепак, само 11 отсто посакувале поостри мерки што се должи најмногу на излегувањето на државата од вонредната состојба. Демографските индикатори покажуваат дека со возраста се зголемува процентот на луѓе кои сметаат дека мерките треба да бидат построги.

Дури 82 отсто е учеството на Бугарите кои укажуваат дека практикуваат физичко растојание,а 79% од испитаниците избегнуваат собири со многу луѓе.  37% од луѓето пијат витамини и слични додатоци за имунитет.  Постои зголемување на поддршката за задолжително носење на маските – 76% во ноември во споредба со 64% ​​во април. 

Минатата недела беше објавен резултатот од истражувањето спроведено од Valicon за телевизијата РТЛ на примерок од 523 испитаници во Хрватска. Според истражувањето, само 13 проценти од испитаниците експлицитно рекле дека ќе бидат вакцинирани против коронавирус, а 30 проценти рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа. Од друга страна, 21 процент од анкетираните рекле дека „сигурно нема“ и 36 проценти рекле дека „многу веројатно“ нема да се вакцинираат.

И во Хрватска, која порача околу 4,6 милиони дози на вакцина, потенцијален проблем е отпорот поттикнат од сомнежите на граѓаните и стравувањата од новата вакцина. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •