јануари 24, 2021

Морбидни фотографии од битолската болница

Морбидни фотографии од битолската болница на коишто се гледа дека двајца починати пациенти прекриени со чаршаф се во иста болничка соба со двајца живи пациенти кои примаат инфузија, ја вознемири јавноста, пренесува Слободен Печат.

Директорката на клиничката болница Битола, доктор Билјана Гагачовска, потврдува дека навистина ова се случило вчера во болницата во која раководи, но дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •