јануари 15, 2021

Здружение на оштетени штедачи во Еуростандард банка: Криминалот е правен под “будното око” на Народна банка

Почитувани,

Здружението на Оштетени Штедачи на Еуростандард Банка со овој пост би сакале да ја запознаеме целокупната јавност со деталите во врска со КРИМИНАЛОТ наречен Затворање на Еуростандард Банка.

Како што можете да видите од воведниот дел на видеото со серија лажни изјави за стабилноста на банкарскиот систем НБРМ свесно и намерно ги доведоа во заблуда штедачите на банката.

Во продолжение на видеото кое е впрочем сумарно видео на надзорната расправа во Собранието или како што ние го нарекуваме ПРВО РОЧИШТЕ НА ПРАВДАТА, од излагањата на повеќето поканети сведоци на расправата можеме да заклучиме дека и самиот поранешен сопственик на банката но и претставниците на Јавното обвинителство како и Службата за финансиско разузнување потврдија дека се работи за КРИМИНАЛ правен во банката од големи размери и многубројни учесници и сето тоа е правено под “Будното” око на Народна Банка, која нели постои за сето тоа да го спречи!

Воедно би сакале да потврдиме дека Надзорната расправа ќе продолжи т.е. ќе има Второ Рочиште на правдата каде повторно ќе бидат поканети сведоци кои ќе имаат свое излагање и кое се надеваме ќе допринесат за излегување на виделина на КРИМИНАЛОТ кој е извршен.

За жал битката за правдата ќе мора да ја биеме на социјалните мрежи, и затоа би сакале да апелираме до Вас да ни помогнете во борбата за правдината преку споделување на овој пост.

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

ВИДЕО

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •