јануари 17, 2021

Голем дефект остави делови од Скопје и од Тетово без струја

Поради овој дефект повеќе училишта денеска беа принудени да ја прекинат наставата.

Дел од Скопје нема струја поради дефект на 110 киловолтниот далекувод на МЕПСО.

Од ЕВН Македонија информираа дека струја нема на потегот до Тетово. Екипи се излезени на терен и се работи на санирање на проблемот.

И од МЕПСО потврдија дека нивни екипи се испратени на терен, но сѐ уште не знаат за што станува збор.

Без напојување со електрична енергија се делови од Капиштец, Центар, Карпош, Ѓорче Петров…

Поради овој дефект повеќе училишта денеска беа принудени да ја прекинат наставата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •