јануари 19, 2021

Бајден доби известување дека може да почне со преносот на власта

Американската Управа за општи работи (GSA), којашто мора да даде потврда за резултатите од изборите и во случајов за транзиција на овластувањата на претседетелската администрација, доцна во понеделникот го известила штабот на Џо Бајден дека може формaлно да го започнe процесот на пренесувањето на овластувањата.

„Сериозно ја сфаќам оваа улога и, поради најновите случувања која вклучуваат правни предизвици и потврда на изборните резулати, Ви го испраќам денеска ова писмо за да овозможам средсвата и службите да Ви бидат достапни“, напиша во писмото адресирано до Бајден, директорката на GSA, Емили Марфи.

Претходно републиканскиот претседател Доналд Трамп објави на Twitter дека им препорачува на Марфи и на нејзиниот тим „да го сторат тоа што е потребно повразно со иницијалните протоколи“, и рече дека „и на својот тим му кажал така да постапи“.

Демократите во Конгресот и нивните поддржувачи од јавниот живот, а во прв ред нивните финансиери од деловните кругови, последните денови вршеа големи притисоци врз оваа досега малку позната сојузна агенција чиешто формално признавање на резултатите од американските избори е клучно за пренесување на власта, во случајот од администрацијата на Трамп врз тимот на Бајден.

„Спротивно од медиумските извештаи и инсинуации, мојата одлука не е донесена од страв или поради фаворизирање“, напиша Марфи. Претходно нејзината портпаролка објави дека GSA формално ќе го одобри пренесувањето на власта кога ќе биде јасно кој е победник на претседателските избори од 3-ти ноември.

Малку претходно во понеделникот оваа сојузна агенција соопшпти дека сѐ уште не ја одобрила транзицијата на власта, но дека за тоа ќе го извести Конгресот следната седмица. Сега се смета дека зеленото светло од GSA за почеток на преносот на овластувањата врз тимот на Бајден, се смета всушност за потврда на неговата изборна победа.

Законот не наведува изрично кога GSA мора да се огласи, а вообичаено е тоа кога ќе ги добие конечните потврди за исходот или откако едниот од кандидатите јавно ќе го признае поразот. Но “тимот Бајден” инсистираше дека нивната победа е чиста и дека одложувањето не може да се оправда и покрај тоа што Трамп одбива да го признае поразот и наведува дека тоа е важно за националната безбедност, за справувањето со пандемијата на коронавирусот и други стратешки области.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •