јануари 20, 2021

Штипјанка починала од коронавирус иако имала пет негативни тестови

Клиничка болница Битола

На Инфективното одделение во Штипската болница починала 55-годишната штипјанка Ругмин Хусеинова, иако имала пет негативни тестови.

-Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана. Матичниот доктор ни даде упат за Инфективно, каде ѝ беше измерена телесна темпаратура од 36, 1, ама кога веќе сум ја донел рекоа дека ќе ја примат како да е заразена од коронавирус и така ќе ја третираат, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата.

Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба каква што ја имаат болните од коронавирус.маркетинг

-Пациентката имаше кашлица, масивна пневмонија и сатурација од 40 проценти што се карактеристични симпотоми за пациенти со ковид-19. Беше поставена на кислородна поддршка, дадена е антибиотска, антикоагуларна и витаминска терапија, но и покрај адкватниот третман, пацентката заврши со летален исход, соопшти Клиничката болница во Штип.

Од болницата велат и дека до крајот на денот ќе се знае извешатајот на внатрешната комисија која требаше да ги испита условите под кои починала 41-годишната пациентка од Берово.

Ќерката на починатата жена пред неколку дена на Фејсбук објави скриншотови од нејзиниот телефон, каде се гледа дека хоспитализираната жена 2 дена упорно од болничкиот кревет им вртела на медицинските сестри, им пратила и смс-порака дека ѝ треба кислород, но според скриншотовите, никој не ѝ вратил ниту дошол, по што починала.

Според нејзината ќерка, жената претходно немала никакви заболувања, а на Инфективното одделение се лекувала од 6 ноември. Таа минатата недела на Фејсбук објави дека се случиле и нови грешки оти кога дошле да земат смртовница.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •