јануари 23, 2021

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието.од 27 април 2017 година.

На претходното рочиште одржано на 16 ноември, за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •