јануари 15, 2021

Лекот Фавира кој што не е одобрен, но се препорачува за лекување на Ковид – 19, пристигнува во македонските аптеки

Лекот Фавира или Фавимол, со генеричко име Фавипивир неделава ќе биде достапен во македонските аптеки, откако Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид-19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите“, велат од Малмед.

Пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот не е одобрен за индикација на лечење на Ковид-19, па во таа насока, стручните лица апелираат, пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување и без препорака од лекар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •