јануари 26, 2021

Граѓаните талкаат по шалтерите, Mакедонија е 10 години зад Европа во дигитализацијата

Граѓаните на Република Македонија тешко можат да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет. Ова се случува затоа што државата обезбедува ограничени електронски услуги, потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а граѓаните, иако имаат опрема, немаат доволно информации за електронските услуги.

Според истражувањето што го направи „Порталб.мк“, произлегува дека дури не е познато колку граѓани ги користеле овие услуги, во споредба со традиционалните услуги – со физичко присуство. Доколку РМ би се дигитализирала како земјите од Европската унија, чија што членка има намера да стане, тогаш некои документи, кои не треба да постојат, ќе бидат повлечени од употреба, бидејќи истите ги зголемуваат трошоците на граѓаните и претставуваат губење време при аплицирање и чекање за нивно добивање.

Стандарди од 2010 година

Република Македонија заостанува зад земјите од регионот и Европа во однос на спроведувањето на електронските услуги и нивното подигнување на повисоко ниво.

Професор Марјан Гушев

„Истражувањата покажуваат дека Македонија во 2020 година е под нивото што го достигнаа земјите од Европската унија во текот на годината 2010 г. што покажува дека многу сме задоцниле во обезбедувањето на електронските услуги и во нивното подигнување на повисоко ниво“, вели за „Порталб.мк“, Марјан Гушев, професор на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство во Скопје.

Во меѓувреме, другите држави рапидно се развиваат во оваа насока.

„Студијата покажува дека најновата проценка на софистицираноста на онлајн услугите за е-влада на Република Македонија е 77 отсто и 62 отсто, и тие се целосно достапни според стандардот на 2010 г. Перформансите на услугите за е-влада во Република Македонија се пониски од просекот на ЕУ постигнат во 2010 г. како и од резултатот на стандардите од 2020 година. Иако, во споредба со достигнувањата во изминатите години, софистицираноста и целосната достапност на е-услугите покажува значителни подобрувања, сепак јазот со другите земји на ЕУ расте со текот на времето. Оваа анализа покажува дека РСМ ќе го достигне европското со задоцнување од 11 години. Нашата анализа покажува експоненцијален раст на онлајн софистицираноста на е-услугите, меѓутоа и другите земји на ЕУ имаат ист ваков раст. Како заклучок, јазот и разликата експоненцијално се зголемуваат. Одложениот почеток и бавниот напредок ќе треба да се решат преку покоординирани активности за да се достигнат последните чекори на земјите од ЕУ“, е заклучокот на научниот труд на универзитетските професори Марјан Гушев, Изабела Акимоска и Анита Антиќ.

Обезбедувањето електронски услуги е законска обврска

Во Законот за општата управна постапка, во многу членови се нагласува обврската на државните органи да обезбедуваат електронски услуги за граѓаните.

„Порталб.мк“, само за илустрација, наведе само 3 членови каде институциите се должни да постапуваат по електронски пат.

  • Член 17: Јавниот орган и овозможува на странката пристап до јавниот орган и по електронски пат.
  • Член 37: Комуникацијата помеѓу јавните органи и странките може да се одвива во писмена форма, усно или во електронска форма.
  • Член 39: Поднесоците можат да се предадат непосредно или да се испратат по пошта, или усно да се соопштат на записник. Тие, исто така, можат да се испратат и во електронска форма согласно закон.

Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), кој е носител на процесот на дигитализација на електронските услуги, велат дека во овој мандат тие имаат некои приоритети што треба да ги придвижат напред, со цел граѓаните да изгубат што е можно помалку време за услуги со многу министерства, јавни институции, училишта, градинки и сл.

Шпетим Љатифи

„Нашето министерство штотуку доби грант од претпристапните фондови на Европската унија, според кој ќе развиеме над 130 електронски услуги во рамките на овој владин мандат. Иако сега сме во фаза на идентификација на овие услуги, критериум за избор на услугите ќе биде степенот на употреба на истите, инсистирајќи на тоа услугите каде граѓаните и деловните субјекти најмногу чекаат во долги редици и губат време, да биде предмет на дигитална трансформација. Ова директно ќе влијае на борбата против корупцијата, елиминирање на човечкиот фактор за добивање услуга“ – вели за „Порталб.мк“, Шпетим Љатифи, советник на министерот за информатичко општество и администрација.

Без унифицирана база на податоци 

Целиот текст на

nezavisen.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •