јануари 21, 2021

Ахмети во ClickPlus: Коалицирање на албанската опозиција со ВМРО-ДПМНЕ не ме загрижува, напротив, ќе ја направат ДУИ уште посилна

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на повеќе теми, а имаше коментар и за последните случувања со албанската опозиција, и најава за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ на Алијанса за Албанците и на Алтернатира.

Најпрво Ахмети коментираше за случувањата во својата партија во ДУИ Тој рече дека не постои незадоволство.

-Не мислам дека постои незадоволство, може да има забелешки, но не од големи размери“, рече Ахмети кој напомена дека не верува дека членовите на ДУИ ќе го рушат својот „дом“.

– г. Меџити не го руши својот дом, г. Беџети исто така, г. Џафери не го руши својот дом, јас треба радикално да одговарам  а вие ми велите дека тука има нешто, некаква конспирација, зашто јас велам дека тие не го уриваат својот дом, секако, бидејќи ова е заедничка инвестиција, и сам имам инвестирано во ДУИ, никому не сум му работел зад грб, никогаш. И ниту еден член на ДУИ виделе само добро од ДУИ и ова национално добро сите треба да го чуваат“, коментираше Ахмети.

-Има обид албанската опозиција да започне соработка со вашиот поранешен партнер, ВМРО-ДПМНЕ, што мислите за тоа?

-Тие имаат свои политики, своја стратегија, малку ми е интересно бидејќи беа против ВМРО, а сега, вистина е тоа што го најавивте, ми изгледа интересно, и чудно исто така бидејќи цела борба беше против ВМРО, против ДУИ што беше едно време во коалиција со ВМРО, а сега прават стратешко партнерство , тоа е за анализирање“, вели Ахмети, напоменувајќи дека воопшто не стравува од една таква алијанса.

-Тоа никогаш не ме загрижувало. Колку повеќе се мобилизираат против ДУИ толку ДУИ станува посилна.-коментираше Ахмети кој рече дека таа коалиција нема да успеат да ја симнат ДУИ од власт.

Ахмети одби да каже дали е вистина дека има договор меѓу ДУИ и СДСМ за престојните локални избори.

-Сега не можам да зборувам за деталите-рече Ахмети.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •