јануари 15, 2021

Трамп не се откажува: На твитер објави видеа во кои ги посочи гласачките машини “Доминион” како причина за изборната измама

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе објави важна информација која се однесува на изборна измама во државата Џорџија.

„Доаѓа важна информација за изборна измама во Џорџија. Бидете во тек“ – напиша Трамп на Твитер.

Утринава Трамп ги објави овие две видеа како доказ за изборни нерегуларности, во кои ги обвини гласачките машини Доминион како причина за изборната измама.

Во петокот, по рачното пребројување на гласовите беше потврдено дека Бајден победил во оваа држава. Според тие резултати, Бајден добил 2.474.507, а Трам 2.461.837 гласа. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер кој е републиканец изјави дека по рачното пребројување, Трамп не успеал да освои електорски гласови. Набрзо стигна и корекција на изјавата од неговата канцеларија во кој се вели дека гласовите уште не се верификувани.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •