јануари 27, 2021

СЕ ПОМАЛКУ МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПО СТРУМИЧКИТЕ НИВИ (ВИДЕО)

Во Струмичко почнаа подготовките за пролетниот турнус на раноградинарско производство. Се спремаат нивите за сеидба, се подигаат пластеници. Но по струмичките ниви се помалку млади земјоделци. 

Еден меѓу ретките е Сашо Гошев од струмичко Просениково кој со своето семејство обработува 10 декари (1 хектар). Не е регистриран земјоделец и затоа досега не добил никаква државна помош.

За Гошев, но и останатите земјоделци најголем проблем не е работата, туку пласманот и откупните цени. Смета дека со добри и загарантирани цени добар дел од младите ќе се вратат на нивите и ќе го модернизираат земјоделското производство.

Министерството за земјоделство за ова година ја зголеми поддршката за млад земјоделец до 40 години од 10 на 20 илјади евра. Јавниот повик беше на почетокот на годинава, а услов за користење на финансиската поддршка за потикнување на земјоделското производство е корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •