јануари 27, 2021

Евра мисли дека нашиот Алиоски заслужува Оскар

Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, кој сега работи како експерт за Скај Спорт, вели дека Езџан Алиоски „заслужува Оскар“ за начинот на кој се спушти по ударот со глава на Николас Пепе.

Иако Евра го означи потегот на Пепе како „навистина глупав“, тој не беше задоволен од театарот на Алиоски и начинот на кој тој се сруши на земја од минималниот контакт.

„Кога ќе го направите тоа, тоа е фрустрација. Глупо е. Мислам дека тој [Пепе] треба да им се извини на сите соиграчи затоа што Арсенал имаше план и сè се смени. Алиоски заслужува Оскар. Изгледаше како да му го скрши носот“, вели Евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •