јануари 24, 2021

Г20 ветија дека ќе го решат чувствителното прашање на долгот на сиромашните земји

Членките на Г20 вечерва ветија дека ќе го решат чувствителното прашање на долгот на сиромашните земји, но без спектакуларни најави, на незадоволство од невладините организации.

Во последната изјава, лидерите на 20-те најбогати земји во светот ја потврдија својата посветеност за спроведување на Иницијативата за одложен долг, одлука донесена во средината на април и продолжена пред еден месец до 30 јуни 2021 година, на виртуелниот состанок викендов под саудиско претседателство.

Обединетите нации се надеваа на ново продолжување до крајот на 2021 година, но Г20 очекува нивните министри за финансии да го „разгледаат“ ова прашање на пролет.

Не се споменува друго решение, дури ни она што го побарале ООН за употреба на специјални права на извлекување , преку своевидна валута смислена од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за поддршка на земјите во тешка криза.

До денес, само 46 од 73 држави добиле 5,7 милијарди долари одложувања на каматите, што е „капка во море“ од 11 трилиони долари потрошени од Г20 за борба против пандемијата на коронавирус, критикуваат невладините организации.

“Додека реакцијата на Г20 беше брза во април, тие сега ја негираат итноста. Сепак, ние зборуваме за спасување животи”, рече Луис-Никола Јандо, портпарол на Оксфам Франција.

Свесен дека мораториумот нема да биде доволен, Г20 минатата недела го отвори патот за преструктуирање на долгот на некои земји.

Франција смета дека ова е „историски“ договор, бидејќи за прв пат ќе се вклучи Кина, водечки доверител на сиромашните земји (63 проценти) и приватните кредитори.

„Но, отписите на долгови не се предвидени и од приватните доверители не се бара да учествуваат во нив“, рече Лисон Рехиндер од невладината организација CCFD-Terre Solidaire.

Г-20 изрази жалење и во последната изјава поради недоволното учество на приватните доверители.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •