јануари 20, 2021

Во Германија луѓето го споредуваат носењето на маски со холокаустот, Мас жестоко ја критикуваше споредбата

Мерките на германската влада за борба против пандемијата предизвикаа бран демонстрации во земјата. Мас ги обвини демонстрантите за „тривијализирање на холокаустот и покажување неподнослив заборав на историјата“.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги нападна противниците на носењето маски, кои се споредуваат со нацистичките жртви, обвинувајќи ги за омаловажување и исмевање на холокаустот. Следеа многу груби зборови откако една девојка изкезе на сцената на протест во Хановер, која рече дека се чувствува „исто како Софи Шол“. Шол беше германски студент, кој беше егзекутиран од нацистите во 1943 година за учество во движењето на отпорот. „Сите оние кои денес се споредуваат со Софи Шол или Ана Франк се потсмеваат на храброста што им требаше да им се спротивстават на нацистите“, напиша Мас на Твитер.

Тривијализација на холокаустот

Тој ги обвини демонстрантите за „тривијализација на холокаустот и прикажување на неподнослив заборав на историјата“. „Ништо не ги поврзува демонстрантите против мерките за корона со борците на движењето на отпорот. Ништо“, објави на Твитер Мас. Снимките од демонстрациите покажуваат дека еден од надзорниците ја прекинал девојката и и рекол дека нејзините зборови „го тривијализираат холокаустот“, по што 22-годишната девојка која се претстави како Јана плачеше и ја напушти сцената. Минатата недела, 11-годишно девојче на демонстрациите против носење маски во Карлсруе се спореди со Ана Франк затоа што мораше тивко да го слави роденденот за соседите да не ја слушнат како поканува пријатели.

Одвратни споредби

Таа споредба предизвика бес, а полицијата ја опиша нејзината изјава како „несоодветна и невкусна“. Мерките на германската влада за борба против пандемијата предизвикаа бран демонстрации во земјата кои привлекоа различни групи, од екстремни левичари, теоретичари на заговор до крајни десничари, кои тврдат дека со овие мерки се кршат нивните граѓански права. И денес неколку стотици луѓе се собраа во Берлин на вакви демонстрации.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •