ноември 25, 2020

Таравари: Заев откако славеше во авионот шест пати не успева да добие датум за преговори

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Говорејќи за неуспехот на владата за започнување преговори со ЕУ Таравари рече дека е очигледо оваа Влада нема капацитет да го реши овој проблем а доказ за тоа се шесте неуспешни обиди да се реализира истото.

„Алијанса за Албанците заедно со Алтернатива неколку пати сме кажале дека Владата многу несериозно се однесува и ние како политичка партија поради неуспехот за добивање датум, односно отпочнување на преговорите што беше предвиденоза декември 2020 година но не се реализира и ова е шести пат од јуни 2018 година. Се сеќавате некаде пред јуни 2018 година една фотографија која многу кружеше по социјалните мрежи. Убава фотографија на господинот Заев, Османи, Никола Димитров и со поранешниот вицепремиер. Многу убава фотографија но тие тогаш славеа дека ние ќе ги почнеме преговорите во јуни 2018 година и нормално ова беше вест што сите не израдува и очекувавме во јуни 2018 да ги почнеме преговорите. Но за жал од тогаш овие лица кои ја водат надворешната политика и Министерстворо за евро-интеграции и премиерот во владата Заев 1 и Заев 2 овој му беше шести пат да не успеат“, рече Таравари.

Таравари како едно од можните решенија за надминување на оваа состојба и добивање на датум бидејќи како што вели, веќе е јасно дека Владата нема капацитет, го спомна и формирањето на техничка Влада со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

„Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални“, додаде Таравари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •