ноември 28, 2020

Русија никому не останува должна: забрана за влез за 25 Британци

Русија, како одговор на санкциите во Лондон поради „амандманот за Магнитски“, им забрани влез на 25 претставници на Велика Британија на територијата на Русија, се наведува во соопштението на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Како одговор на непријателските активности на британските власти и врз основа на принципот на реципроцитет, руската страна донесе одлука за воведување лични санкции против 25 британски претставници, на кои им е забранет влез на територијата на Русија“, се вели во соопштението.

Во јули 2020 година Велика Британија воведе санкции против 25 руски државјани, меѓу кои и претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, а причината беше кршење на човековите права.

Лондон воведе ограничувања во согласност со законот „За санкции и мерки во борба против перење пари“ и „амандманот за Магнитски“.

Тогаш портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека новите санкции против руските граѓани претставуваат уште еден непријателски чекор на Лондон и додаде дека тоа е политички ангажирана одлука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •