ноември 29, 2020

Падна снег на Маврово и на Пелистер (видео)

Падна снег на Маврово, Нижеполе и Пелистер., објавуваат граѓаните фотографии по социјалните мрежи.

Управата за хидрометерелошки работи најави дека во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег.

Од утре повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштат под -5 степени.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •