ноември 28, 2020

Општина Струга вработува 9 административци

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 9 државни службеници во Општина Струга.

Се бараат кандидати за референти, виши референти и соработници.

Платите во зависност од работното место се движат до 23.900 денари.

Само за потсетување, пред 3 недели општината објави Оглас за вработување на 24 административци. Дијалектика пишуваше и за тој Оглас.

Логички се поставува прашањето зошто и во време на тешка економска и здравствена криза, општина Струга не престанува со дополнително трупање на ионака превработената администрација, наместо буџетот да го насочи кон отстранување на проблемот со водоснабдувањето како и завршување на колекторскиот систем за заштита на езерото. Или средување на хаосот со дивоградбите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •