ноември 29, 2020

Неодговорност и во Словенија, дури 19 отсто Словеници оделе на работа со симптоми на коронавирус

Речиси две третини од Словенците оделе на работа минатата недела, а 19 проценти од нив имале барем еден од симптомите на коронавирус. Ова го покажала анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење „Валикон“.

Според истражувањето, 10% од оние кои отишле на работа можеле да работат од дома, но нивните работодавци не им го дозволувале тоа.

Студијата се занимавала со модели на однесување при работа како заеднички проект на официјалната страница за следење на епидемијата kovid 19 Sledilnik, здружението Млади директори и Валикон, кои сметаат дека овие модели се клучни за борбата против епидемијата, пренесува СТА.

Во истражувањето спроведено на примерок од 527 испитаници, меѓу кои имало 293 вработени лица, мнозинството активни вработени изјавиле дека за време на епидемијата оделе на работа, иако можеле да работат од дома.

Помеѓу 9 и 15 ноември скоро две третини од вработените оделе на работа, а 51 процент од вработените биле на работа секој ден.

Авторите на студијата предупредуваат дека загрижувачки е што одат на работа 10 проценти од вработените кои биле во контакт со заразено лице или имаат симптоми на ковид-19.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •