ноември 25, 2020

Денеска студено со ветер, најавен и првиот снег во Македонија

Во западните делови од земјава, денеска ќе има услови за појава на краткотраен снег, јавува Управата за хидрометеролошки работи во Македонија.

Оттаму велат дека е можен снег и во крајните северо-источни делови каде утринските температури ќе бидат во минус.

Денеска цел ден ќе дува засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарито и на поголемите височини.

Во Битола и околината е можна појава на краткотраен дожд.

Најниска температура ќе биде во Маврово и околината -4, додека највисоката дневна во Гевгелија до 11 степени.

Во Скопје утринската околу нулата, дневната максимална шест степени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •