декември 2, 2020

Градежен работник спаси маж од водите на реката Вардар

На 20.11.2020 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај мостот во изградба на подрачјето на Аеродорм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.

Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од  неговата снаа М.А.(45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •