декември 2, 2020

Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, ги повика граѓаните да даваат конструктивни предлози за справување со кризата предизвикана од ковид-19.

Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава, сега раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19, напиша денеска на својот профил на Фејсбук Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.„Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19. Заради поуспешна работа на Главниот штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи“, напиша генералот Ангелов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •