декември 3, 2020

Алтернатива: Заев можеби има бизнис цели за легализација на марихуаната, но ние нема да го дозволиме тоа!

По информацијата на премиерот дека сака да ја легализира марихуаната и, според него, нејзино ставање на законски рамки, навидум во име на прифаќање на некои европски модели, Алтернатива констатира дека ова е уште еден невиден скандал на оваа влада без парламентарно мнозинство, велат од партијата.

-Зоран Заев можеби има семејна потреба за легализација на овој вид дрога, секако за бизнис цели, но ние не можеме да дозволиме жртвување на животот на нашите граѓани само за зголемување на богатството на семејството Заев.

Алтернатива, како партија која пред се е заинтересирана за здравјето и благосостојбата на граѓаните, ќе биде некомпромисен поборник во борбата против легализација на секој вид дрога, со што би се оштетил сериозно здравјето и социјалниот живот на нашите граѓани.
НЕ ДРОГА во ******* Македонија!, велат од партијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •