декември 4, 2020

Хирурзите од ГОБ „8-Септември“ стравуваат од грешки за да ги лекуват болните од Ковид- 19

„Ние како хирурзи немаме соодветна стручност да лекуваме болни со вирусни заболувања и интернистички состојби кои произлегуваат од тие заболувања и затоа сметаме дека извршувањето на оваа наредба е спротивно на интересот на здравјето на пациентите болни од Ковид 19 и од тие причини по истата не сме должни да постапиме“.

Ова е ставот на стручниот хируршки колегиум на градската општа болница 8 септември до ракводство на болницата кое минатата недела издала наредба по двајца лекари од секое хирушко одделение да се приклучи кон лекувањето на болните од Ковид-19.

„Од овие причини, сметаме дека ваквата наредба е во целост спротивна со одредбите на законот за здравствена заштита, како и кодексот на медицинската деонтологија, а нејзиното извршување може да доведе до сериозни последици по животот и здравјето на конкретните пациенти, а што може да биде основ и за идна кривична одговорност.“

Реакцијата на хирурзите следи откако градската општа болница во Скопје целосно се стави во служба за потребите на болните од ковид веднаш зад инфективна на клинички. Наместо 80 кревети капцитет од денеска се обезбедени нови 20 легла за тешко болните, иако само минатата ноќ во оваа болница пристигнале 23 тешко болни пациенти. Се помалку места има и на новоопремените клиники за болни од ковид. Само во Скопје 459 пациенти се борат со Ковид -19, а Болниците забразно се полнат, а во клиничкиот центар постојано пристигат нови пациенти со амбулантни возила.

1285 граѓани се зависни од лекарска помош во болниците, а 120 болнички кревети стојат во резерва. Битола предводи со 74 пациенти, а аларматна е состојбата во Штип и Тетово. Додека трае битката за лекар и кревет пандемијата посотјано руши рекорди на заболни лица од бројката на тестирани.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •