декември 2, 2020

Франција испорача ултиматум до муслиманските лидери во земјата

Франција им даде ултиматум на француските муслимански лидери. 

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги повика муслиманските лидери во земјата да подготват своевидна повелба на вредностите што во иднина ќе се почитуваат, а со која исламот се дефинира како аполитичка религија.

Макрон предложил и формирање Национален совет на имами.

Би-Би-Си денеска пренесе дека тој на вчерашната средба со исламските лидери на Францускиот совет на муслиманската вера им дал рок од 15 дена да ја прифатат повелбата, според која исламот е религија, а не политичко движење.

Во повелбата се наведувало дека е забрането „странско мешање“ со муслиманските групи во Франција, како и обврската за почитување на вредностите на Републиката.

Макрон најави и нови мерки во борбата против, како што во повеќе наврати наведува, „исламистичкиот сепаратизам“ во Франција.
Оваа иницијатива и своевиден ултиматум се случува по трите исламистички напади за еден месец во Франција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •