декември 1, 2020

Средба на Филипче со Орце Камчев и Жан Митрев – што е разговарано? (Видео)

Трите најголеми приватни болници – Аџибадем Систина, Клиника Жан Митрев и Ремедика се подготвени да му помогнат на јавното здравсто со ковид пандемијата, откако со прогласување на кризна состојба државата ќе менаџира со овие установи.  Орце Камчев, Жан Митрев и Андреја Арсовски по попладневниот состанок со министерот Филипче изјавија дека на маса имало повеќе предлози и опции каков кадар и капацитет можат да отстапат за пациентите со корона.

-Постои желба и разбирање сите да помогнеме во справувањето со оваа пандемија. Имаме уште активности и се надевам ќе изнајдеме оптимално решение за справување со ова, изјави Андреја Арсовски, директор на Ремедика.

Медицинскиот персонал во Систина и Клиника Жан Митрев веќе имаат искуство и пракса со ковид пациенти кои се лекуваат во нивните установи. На состанокот со Филипче една од предложените опции бил и стариот објект на Аџибадем Систина – Мала Богородица, каде има 100 кревети и би работеле тимови од здравствени установи од приватните болници.

-А мала богородица беше како опција? – Да и тоа се предложи, но останува до недела да прецизираме заеднички што ќе биде прифатливо, сите сме подготвени да помогнеме изјави Орце Камчев, сопственик на Аџибадем Систина.

Менаџерите на приватните болници велат дека се свесни за тешката состојба со ковид кризата. Во Клиниката Жан Митрев имаат и листа на чекање на пациенти бидејќи во моментот нема слободен кревет, но како установа се ставаат на располагање.

-Сите ние имаме потенцијал, секој што како што треба денес утре да размислиме, но секако голем проблем е и кадарот, кој знаеме дека фали на сите нивоа, сето тоа да го ускладиме со сите активности кои ги имаме и да го најдеме решението, изјави академик Жан Митрев, сопственик на Клиника Жан Митев.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •