декември 2, 2020

Пари за партиите по итна постапка

Три и пол милиони евра или 0,10 посто од буџетот на земјава да оди во рацете на партиите. Министерството за правда ги предлага измените на законот за финансирање на партиите во сред корона криза. Во материјалите испратени до собранието каде потпис ставил премиерот Заев, а предлагач е министерството за правда преку министерот и заменикот Маричиќ и Нухиу, а се бара измените да се направат по итна постапка. Од министерството велат дека со ова се намалуваат законски предвидените пари.

ПОРАДИ СПЕЦИФИЧНОСТА НА ОВАА ГОДИНА И ПАНДЕМИЈАТА, ПОСТИГНАТ Е ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ЗА 2020 И 2021 ГОДИНА, ДА СЕ ИСПЛАТИ 30% ПОМАЛ ИЗНОС ОД ОНОЈ ШТО Е УРЕДЕН ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО МОМЕНТОТ. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, БИ СЕ ИСПЛАТИЛЕ 70% ОД ОНА ШТО СЕ ПРЕДВИДУВА ВО ЗАКОНОТ ВО МОМЕНТОТ.

Но ова доаѓа откако ребалансот на буџетот веќе е изгласан, парите се предвидени, а сега треба да се озовможи само законско зелено светло. Измените ќе важат само за 2020 и 2021 година а во материјалите министерството направило обид во објаснувањето да докаже дека сепак партиите си кусат од она што им следи. Всушност законот претходно им дозволваше не 0.10 туку 0.15 проценти од буџетот. Но поради кризата од пандемијата летово ова е изменето и со уредба со сила на закон сепак беа предвидени само 0.4 проценти. Во превод тоа значи дека законот им дал 5.2 милиони евра, уредбата им ги намалила на 1.1 милион и сега се прави обид за да се дојде до 3,5 милиони евра.

ПОРАДИ СПЕЦИФИЧНОСТА НА СИТУАЦИЈАТА СО ПАНДЕМИЈАТА, СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ, СЕ ПРЕДВИДУВА ПРОМЕНА НА ПРОЦЕНТОТ ЗА ИСПЛАТА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗА ОВАА И НАРЕДНАТА ГОДИНА, ПА НАМЕСТО ДОСЕГАШНИТЕ 0,15% ОД ИЗВОРНИТЕ ПРИХОДИ НА БУЏЕТОТ, СЕГА ТОЈ ПРОЦЕНТ ЌЕ БИДЕ 0,105%, ОДНОСНО 30% ПОМАЛКУ СРЕДСТВА.

Со измените државата си става рок за исплата и тоа до нова година, што значи дека партиите нема да чекаат.  Колачот се дели во зависност од тоа која партија  колку гласови освоила на претходните избори. Инаку претходната министерка за правда Рената Десковска заговараше законска измена со која за секогаш би се намалиле сретствата за партиите и ги оценуваше ако превисоки. Интересно е што ставката во буџетот креаторот ја насловил како трансфери д оневладини организации и покрај тоа што се политички партии.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •